Сообраќајка се случи денеска на патот Неготино-Кавадарци. Едно возило е надвор од коловозната лента. Полицијата врши увид и заега не е познато дали има повредени.

Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, рече за МИА дека полицијата врши увид на местото на несреќата и го регулира сообраќајот, додека трае извлекувањето на возилото кое е надвор од патот. Засега не може да каже повеќе детали за сообраќајната несреќа.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2018 12:03