Четворица фудбалери на македонскиот национален тим имаат симптоми на стомачен вирус, објавија од федерацијата, на еден ден пред почетокот на дуелот со Лихтенштајн во Лигата на Нации кој ќе се одигра утре од 20.45.

Поради ова е одложен денешниот тренинг кој требаше да се одржи во 11 часот, тој е преместен за 17:30 часот.

Македонија утре во 20:45 часот игра против Лихтенштајн во рамките од третото коло од Лигата на нации.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2018 12:49