Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека во фудбалот второто место не значи ништо. За последен пат тимот освои трофеј во 2012 година, кога го освои Лига Купот со Кени Далглиш. Оттогаш наваму Ливерпул на неколку пати беа блиску до освојување на трофеј, откако со германскиот тренер загубија три финалиња - во Лига Европа, Лига Купот и Лигата на Шампионите. Тој, сепак, е амбициозен да го смени тоа во оваа сезона. - Никој не сака по 10 или 20 години да погледне назад и да каже дека најдобриот период во кој не сме освоиле ништо, бил со Клоп на чело. Тоа не е нешто што сакаш да го постигнеш. Времињата сепак се променија. Многу потешко е отколку што беше во минатото. Можеби сме во најдобар момент во последниве години, но неколку други тимови ги направија истите чекори. Ова ги прави работите тешки. Во повеќето спортови стануваш втор на Олимпијадата и си заминуваш со сребрен медал. Во фудбалот тоа е ништо. И за мене тоа не е ништо, изјави Германецот. Тој додаде дека дава се од себе за клубот за да освојува трофеи. - Не се штедам. Во еден момент тоа треба да профункционира. Но дотогаш треба да имаме навистина добар период, смета тренерот на „црвените“ од „Енфилд“.