Фудбалерот на Челзи, Еден Азар, е прогласен за најдобар играч за месец септември во Премиер лигата, додека тренерот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто, е прогласен за најдобар менаџер во лигата.
Азар минатиот месец постигна пет гола на четири натпревари и заслужено ја доби наградата во силната конкуренција.
Вулверхемптон предводени од Нуно Еспирито Санто го направија најголемото изненадување во Премиер лигта, при што во септември ремизираа со Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, а реализираа и три победи без примен гол (Вест Хем, Барнли и Саутемтон).
Еспирито Санто беше прогласен за најдобар тренер во конкуренција на Унаи Емери од Арсенал, Јирген Клоп од Ливерпул и Пеп Гвардиола од Манчестер сити.