Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година претпре убедлив пораз од 5:1 на гостувањето кај Русија.

Руските фудбалери го искористија домашниот терен на стадионот „Арсенал“ во Тула и по дваесетина минути игра со головите на Илзат Ахметов и Федор Чалов во 14 и во 18 минута поведоа со 2:0.

Избраниците на селекторот Добринко Илиевски немаа сили да се наметнат на теренот и дозволија пред крајот на првиот дел Зелимкан Бакаев да зголеми на 3:0.

Во 67-та минута Иван Обљаков беше прецизен за недостижни 4:0, а Марио Крстовски во 74-та минута го постигна единствениот гол за Македонија и намали на 4:1.

Конечниот реузлтат од 5:1 го донесе Георги Мелкадзе во втората минута од судиското продолжение.

Македонската репрезентација до 21 година со овој пораз ги загуби сите шанси да се бори за четвртото место во групата, а во последното коло на домашен терен против Гибралтар во вторник и останува да го избегне последното место.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2018 10:51