Вкупно 740 учесници беа дел од есенскиот крос натпревар кој се одржа на градскиот стадион во Берово, во организација на беровската деветолетка „Дедо Иљо Малешевски“.

Директорот ма училиштето, Наташа Аврамска, изјави дека на натпреварот учествувале и ученици од подрачните училишта.

-Натпреварот согласно редовните спортски активности на училиштето предизвика голем интерес меѓу учениците кои се натпреваруваа во машка и женска категорија од прво до деветто одделение. Целта на настанот кој се реалзираше согласно годишниот план за работа на деветолетката е да продолжи градењето на спортскиот дух кај младите кои преку ваквите активности освен покажување на својата подготвеност имаат можност и за меѓусебна дружба, рече Аврамска.

Додаде дека победниците кои освоиле прво, второ и трето место од страна на спортскиот колегиум на училиштето добиле дипломи.

Најдобрите од овој крос натпревар, како и оној кој ќе се одржи напролет се стекнуваат со право да бидат дел од понатамошните републички спортски натпреварувања.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2018 12:33