Педесет и осумгодишен жител на Гњилане, Косово, бил приведен рано изутрината на Граничниот премин Аеродром Скопје и предаден на инспектор од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка поради поседување фалсификувана грчка возачка дозвола.

МВР информира дека тој во 05.40 часот на Граничниот премин Аеродром Скопје на пасошка контрола приложил српска патна исправа и грчка возачка дозвола. По извршени проверки било констатирано дека грчката возачка дозвола била фалсификувана.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2018 13:20