Од МВР соопштија дека двајца Скопјани останале без своите автомобили во текот на последните 24 часа.

На 12.10.2018 година во 08.00 часот во Полициската станица Аеродром, М.Н.(29) од Скопје пријавил дека истиот ден во периодот од 00.00 часот до 05.00 часот од тротоар на улица „Црноризец Храбар“ непознат сторител го одзел неговото возило „Рено Меган Сеник“ со скопски регистарски ознаки. Истиот ден во 08.30 часот возилото било пронајдено на булевар „12-та Македонска Бригада“.

На 12.10.2018 година во 08.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.Н.(63) од село Јурумлери,скопско, пријавил дека во периодот од 21.00 часот на 11.10.2018 до 06.00 часот на 12.10.2018 година, од пред семејната куќа непознат сторител одзел патничко возило „Мазда 323“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот син. Сторителот влегол во возилото преку незаклучената врата, го стартувал со клучевите кои биле на бравата и заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, возилото и за расчитување на случајот. рп/14:42



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2018 23:18