Претставници на мрежата „Сите сити“ денеска ќе ги повикаат граѓаните и бизнисмените да се приклучат на големата донаторска акцијата „Нахрани 10.000“, која ќе се одржи по повод 16 октомври, Светскиот ден за борба против гладта.
Жителите на Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани и Виница, може да донираат храна од 10 до 19 часот на 32 локации.
Организаторот информира дека акцијата ја организираат поради податоците кои покажуваат дека 445.099 граѓани имаат проблем да си обезбедат храна или во просек имаат по еден оброк дневно. Од друга страна, годишно во Македонија се фрлаат десетици илјади тони храна.
Со намалувањето на количеството отпад од храна и дистрибуцијата на вишокот храна на луѓето на кои им е потребна, може да се намали проблемот со гладта и сиромаштијата