Кај 25 од вкупно 188 возачи полициски службеници при контрола спроведена во Скопје синоќа од 23 часот до пет часот изутрина, утврдиле присуство на алкохол во крвта.

Акциската контрола ја спроведе Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје, за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.

МВР соопшти дека по однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, кон возачи преземени се 113 мерки.

Исклучени се 25 возачи од сообраќај, времено се одземени 19 возачки дозволи, издадени се 39 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2018 14:24