Помеѓу село Смојмирово и село Чифлик, во петокот (12.октомври), избувна пожар од засега неутврдени причини. Иако пожарот беше локализиран, денес поради силен ветер продолжи да се шири кон с. Смојмирово.

Зафатена е голема шумска површина.

На гаснењето на пожарот учествуваа околу 50 лица (екипа од подрачното одделение-Берово при Дирекцијата за заштита и спасување, екипи од шумско стопанство Малешево-Берово, Виница, Рамна река-Пехчево, екипа на територијална против-пожарна единица од Берово и месно население од с.Смојмирово).

На место на настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски.

Бидејќи пожарот беше ставен под контрола, не беше активирана воздушната единица при Дирекцијата за заштита и спасување.

Во текот на утрешниот ден, Комисијата ќе излезе на терен да направи увид и проценка за настанатата штета.

ДЗС се обраќа со апел до граѓаните да бидат крајно внимателни, зашто доволно е само една искра да се претвори во голем пожар.

Дирекција за заштита и спасување



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2018 19:54