Пред седиштето на Општината откриена е табла со градовите со кои е збратимен Радовиш.

Според градоначалникот Герасим Конзулов, со поставувањето на таблата градот и општината ја покажуваат отвореноста за пријателство и соработка.

- Во последните неколку години кругот на нашите пријатели од повеќе земји во Европа постојано се зголемува. Јас се надевам дека и во иднина ќе продолжиме така, рече градоначалникот Герасим Конзулов на обраќањето по повод откривањето на таблата со збратимени градови.

Радовиш е збратимен со градови од Италија, Русија, Романија, Украина, Хрватска, Турција, Бугарија и Србија.

Инаку, на свеченоста присуствуваа градоначалници и претставници на збратимените градови.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2018 20:07