На 14.10.2018 година околу 01.00 часот три непознати лица влегле во хотел во Скопје и од вработената и сопственикот побарале да им биде прикажана снимката од безбедносната камера, за да видат кое возило удрило во нивното возило, кое било паркирано пред хотелот и го напуштило местото.
Сопственикот на хотелот на сопственикот на возилото му кажал дека нема можност во текот на ноќта да ги провери снимките и дека ќе мора тоа да го направи преку ден. Сопственикот на возилото се согласил, но едно од другите две лица извадило нож и се обидело да го нападне сопственикот на хотелот.
Во намерата бил спречен од другите две лица, по што сите заедно заминале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.