Вооружен разбојник вчера извршил разбојништво во спортска обложувалница, лоцирана на улицата „Маршал Тито“ на градскиот плоштад во Гостивар.

Непознатиот кој бил маскиран со шал и пиштол му се заканил на вработениот и побарал да му ги даде сите пари од сефот. Исплашен за својот живот, тој му дал околу 150 илјади денари. Разбојникот потоа ги ставил во торбичка и избегал од обложувалницата.

Извршен е комплетен увид и се работи на откривање на сторителот и целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2018 14:52