Сите пожари што вчера во попладневните часови избувнаа во реоните на селата Белица и Прострање во јужниот дел на општина Кичево се локализирани и оневозможено е нивно натамошно ширење.

Во гаснењето на пожарите интервенираа служби од шумското стопанство „Лопушник“ и Територијалната противпожарна единица во Кичево.

- Сите пожари што избувнаа вчера во попладневните часови меѓу селата Белица и Прострање во регионот на Беличкиот рибник се локализирани и спречено е нивно натамошно ширење. Беше зафатена сува трева, ситна стеблеста шума и грмушки, но се спречи натамошно ширење. Поради ветерот постоеше опасност пожарите да се прошират и во шумскиот појас, но со интервенција на група од над дваесет вработени од ШС „Лопушник“ и припадниците на ТППЕ од Кичево, пожарите се изгасени и не постои опасност од нивно натамошно ширење. За секој случај има луѓе кои дежурат на самото место да ја следат состојбата, изјави Стефан Димоски од СВР Охрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2018 21:45