Во Музејот на Град Скопје денеска ќе биде отворена изложбата „Косовскиот модернизам-архитектонски буквар“.

Автори на изложбата се проф. Илир Гјиноли и проф. Лулзим Кабаши.

- Изложбата „Косовскиот модернизам“ презентира дел од архитектурата и урбанизмот на еден период од развојот на Косово, во еден поширок регионален контекст во поранешна Југославија, соопштија од Музеј на Град Скопје.

Архитектурата од овој период се уште не е валоризирана како што треба и често пати таа е потценета, иако за Косово, но и за регионот таа означува една многу значајна културна подлога, на еден доста значаен период на општествениот развој, без да се земе во обзир дека многу од авторите не се од Косово, посочуваат од Музеј на Град Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2018 09:12