Два земјотреса, првиот со интензитет од 6,5 и вториот посилен, со интензитет од 6,8 степени по Рихтер, беа регистрирани денеска во Тихи Океан, источно од Нова Каледонија, соопшти Геофизичкиот институт на САД.
Епицентарот на првиот бил на 190 километри источно од островот Лојалти, на длабочина од 33 километри, а вториот - на 160 километри со длабочина од 10 километри.
Не се издадени предупредувања за опасност од цунами од Тихоокеанскиот центар за цунами во Хаваи. Нема податоци за жртви и за материјална штета.