Северна Кореја, Јужна Кореја и Командата на Обединетите нации ги одржаа своите први, тристрани разговори за демилитаризација на границата, додека двете Кореи се обидуваат да постигнат мир, соопшти Министерството за одбрана на Јужна Кореја.

Договорот вклучува запирање на воени вежби, забрана за прелет долж границата и постепено отстранување мини и стражарски места во демилитаризираната зона.

Седницата зад затворени врати се одржува во селото Панмунџом, и во неа се високи воени претставници од секоја страна, објави Министерството.

Како првичен чекор, двете Кореи треба да повлечат 11 стражарски места во зоната од еден километар од воената демаркациска линија до крајот на оваа година. Ќе започне деминирање во неколку мали области, како и изградба на патишта за да се олесни пилот-проектот закажан за април за да ги ископаат останките на исчезнатите војници во Корејската војна 1950-53.

Двете страни, исто така, ќе го повлечат тешкото оружје од Заедничкиот безбедносен простор (ЈСА) во Панмунџом, ќе го намалат тамошниот персонал во согласност со воениот договор, и ќе разменат информации за нивната опрема за надгледување.

Домашните и странските туристи ќе можат слободно да дојдат и да влезат во ЈСА. Тие мерки, што ќе се реализираат во период од еден месец, ќе ја претворат границата во „место на мирот и помирувањето", соопшти Министерството.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2018 09:29