Двегодишно дете било каснато од куче скитник вчера во Кавадарци, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Настанот бил пријавен вчера во полициската станица во Кавадарци. Според пријавата, детето било каснато на десната потколеница додека си играло пред зградата на улицата „Игман“ во Кавадарци.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2018 11:50