Министерот за култура Асаф Адеми синоќа присуствуваше и ги поздрави присутните на одбележувањето 15 години постоење на Здружението за култура, уметност и образование „Мост“.
- Министерот Адеми го изрази своето задоволство од успехот на оваа асоцијација и го нагласи ентузијазмот и добрата волја на нејзините поранешни и сегашни лидери во заштитата, негувањето и унапредувањето на турската култура, соопшти Министерството за култура.
Настанот се реализираше во рамки на активностите за соработка меѓу Министерството за култура и Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ).