Двајца гостиварци се лишени од слобода откако претходно се обиделе физички да нападнат полицајци кои вршеле контроли во сообраќајот.

Според информациите од СВР Тетово настанот се случил синоќа на улицата „Беличица“ околу два часот утрово.

При спроведувањето на редовни контролни активности, тројца полициски службеници запреле патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Џ.З. Набрзо потоа, од возилото излегле Е.А.(33) и С.И. (21) од Гостивар и почнале агресивно да се однесуваат. Во расправијата се обиделе и физички да се пресметаат со полицајците.

Двајцата насилници се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар, до целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2018 12:52