Во СВР Скопје вчера околу 12.25 часот Р.С. (36) од скопското село Батинци, пријавил дека во близина на гробиштата во село Батинци, додека се движел со неговото патничко возило „ауди“ со швајцарски регистарски ознаки, лицето М.Џ. од истото село пукало со огнено оружје кон него, по што побегнало.

МВР денеска соопшти дека Р.С. не се здобил со повреди. Увид извршила екипа од СВР Скопје и на местото биле пронајдени две чаури, кои биле подигнати за натамошна постапка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2018 15:14