Педесет и осумгодишниот Т.И. од Република Албанија со пријавен привремен престој во Кичево починал вчера по пад од дрво во село Брждани, Кичевско.

На 16.10.2018 година во 12:50 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека во село Брждани, кичевско, имало лице кое било повредено при пад од дрво.

Екипа од Итната медицинска помош констатирала лицето има повреди на главата и дека е без знаци на живот.

Полициски службеници извршиле увид и било утврдено дека се работи за лицето Т.И.(58) од Република Албанија со пријавен привремен престој во Кичево.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2018 15:48