Двајца се здобиле со полесни телесни повреди во вкупно седум сообраќајни несреќи што се случиле на подрачјето на Град Скопје. Во пет од сообраќајките е регистрирана само материјална штета.

Според полицискиот извештај на СВР Скопје, 32 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 10 возачи биле исклучени од сообраќај, од кои четири поради управување под дејство на алкохол, шест без стекнато право на управување со моторно возило.

Од сообраќај полицијата исклучила три возила кои биле технички неисправни и седум возила зашто не биле регистрирани.

Непрописно паркирани биле 106 возила, а пајак службата подигнала 72 возило.

Полицијата санкционирала и 20 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, шест пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и тројца за не користење на заштитен шлем од страна на возачите на вел со мотор, мопед и мотоцикл.

Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).

Во Основното училиште Јохан Хајнрих Песталоци, денеска СВР Скопје Одделение за превенција согласно годишната програма за работа, во соработка со Општина Центар ,Агенција ТРИ СТАР како и основното училиште Јохан Хајнрих Песталоци, во Општина Центар, во учебната 2018/2019 година ќе започне со реализирање на едукативни работилници од областа на сообраќајот на учениците од ИИ-ро и ИВ- то одделение, во рамките на сообраќајно-воспитната акција “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ .

Едукацијата ќе биде реализирана и прилагодена на возраста на децата.

Од страна на Агенција ТРИ СТАР на учениците ќе бидат донирани сто фосфорни елеци дизајнирани со сообраќајни знаци .

Акцијата се состои од два дела и тоа: Едукација на учениците од второ одделение и едукација на учениците од четврто одделение. Истата ќе се реализира паралелно во училиштата во текот на целата учебна година, со предавањата ќе бидат опфатени сите централни и подрачни училишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2018 09:48