Општина Кавадарци ќе искористи бунари за обезбедување технолошка вода во градот, најави градоначалникот Митко Јанчев во изјава за МИА.
- Јавното преторијатие “Комуналец” годинава издвои три милиони денари буџет. Веќе се бушат два бунара фи триста под новото тениско игралиште. Очекуваме тие да дадат 30-40 литри во секунда со кои со вода за наводнување би се обезбедил новиот дел на градот. За градскиот парк, исто така обезбедивме бунарска вода, рече Јанчев.
Ќе се провери и издашноста на вода од бунар во строгиот центар на градот, за да се обезбеди вода за наводнување за паркот Полјана.
- Сево ова е не само да заштедиме вода за пиење, туку и од еколошки причини, нагласи градоначалникот.