Основното јавно обвинителство Струга поведе истрага две лица за сторено кривично дело Разбојништво (соизвршителство) од како и против едно лице за сторено кривично дело Разбојништво (поттикнување и помагање) кои нападнале едно лице и му одзеле поголема сума пари што ги носело со себе.
Осомничените, на 27 август на улицата „Битолски конгрес“ во Струга, нападнале едно лице додека се движело кон својот паркиран автомобил и најпрвин со тупаници и клоци, а потоа и со употреба на спреј, успеале да му одземат поголема сума пари. На оштетениот му биле одземени 3.500 австралиски долари, 7.320 швајцарски франци, 100 британски фунти, 4.165 американски долари, 500 канадски долари, 13.565 евра, 1.000 шведски круни, 100 дански круни, како и 7.186.152 денари, кои ги носел со себе.
По извршеното разбојништво, осомничените влегле во автомобил и избегале во правец кон Кичево. Според сознанијата на истрагата, осомничените подолго време го следеле оштетениот, кој бил вработен во менувачница во Прилеп, а патувал со поголема сума пари кои ги разменувал во Струга.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга до судија на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени.