Амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј денеска го посети Кавадарци и се сретна со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
– Имавме чест амбасадорката да ни биде гостин. Со неа разговаравме за идна соработка. Таа првпат е во Кавадарци. Имаме понуда од нивна страна за поддршка на неколку проекти и доделување на стипендии. Ќе прошетаме со амбасадорката, да се запознае со овој крај и културно историското минато на градот, рече Јанчев.
Амбасадорката му заблагодари на градоначалникот за тополото добредојде.
-Градоначалникот ме информираше за приоритетите и економскиот развој на општината. Овој крај е познат по земјоделство, денеска ќе посетам и една винарија која извезува вино во Британија, а ќе го посетам и локалитетот Стоби, рече Галовеј.