Во школската сала од ОУ „Григор Прличев“, во недела со почеток во 19 часот ќе се организира хуманитарен маскенбал по повод „Halloween“ за учениците од осмо и деветто одделение и за средношколци од прва и втора година. Влезот е 100 денари и собраните средства ќе бидат наменети за лекувањето на Сара Настеска.
ОУ „ Григор Прличев „ Охрид е училиштето во кое 15- годишната Сара Настеска го стекна своето основно образование и училиште во кое учи нејзиниот брат Виктор .
Вработените и другарите од школските клупи зборуваат за нив двајца дека се ученици за пример и другари за век.
Со цел да и се помогне на Сара да ја врати златната насмевка на нејзиното лице и да се охрабри Виктор во неговиот јуначки гест , вработените и учениците во ОУ „ Григор Прличев „ Охрид организираат хуманитарен хепенинг во среда во 16.30 часот на кој паралелно ќе се одржат две продажни хуманитарни акции : 1. Наставниците за Сара !; 2. Школските другари за Сара ! На овие продажни акции наставниците ќе ги продаваат своите подготвени производи , а учениците своите омилени предмети. Хепенингот ќе биде придружен со музика и песна од хорот и оркестарот при училиштето.
Се покануваат сите граѓани на Охрид да земат учество на продажната акција со свои креативни дела, со цел да им покажеме на Сара и Виктор дека хуманоста и другарството немаат граници !