Претставници на ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и на компанијата „ЛТХ-Леарница“ од Охрид беа на студиска посета во Германија, со цел непосредно да се запознаат со начинот на организирање и спроведување на дуалното образование.
Во рамки на посетата биле остварени повеќе средби со претставници на локални стопански комори, компании и едукативни центри каде се спроведува стручно образување и досоувршување.
Посетени се и компании во кои практично се спроведува системот на дуално образование, каде младите 30 проценти од образованието го стекнуваат во училница односно теоретскиот дел, додека 70 отсто од времето посветено на едукација го минуваат за стручно оспособување непосредно во производниот процес.