Во организација на Мотоклубот „МотоВелес“ и со финансиска подршка на Општина Велес, денеска од 10 часот во реонот на велешкото езеро „Младост“ ќе се одржи четвртата трка во ендуро од Државниот шампионат на Македонија.
Оваа атрактивна трка ќе се вози повторно по пауза од четири години. Ќе почне од стариот пат за Скопје. Најавено е учеството на над 50 натпреварувачи од Македонија, Косово, Србија, Грција и Бугарија.
Општината обезбеди 40 илјади денари, а го исчисти од градежен шут запуштениот терен на земјената патека за ендуро.Воедно обезбеди и техничка поддршка и човечки ресурси.
Во организација на Федерацијата на пеливанско борење на Република Македонија и Општина Велес и Пеливанскиот клуб „Пеливан“ од Велес како технички организатор, тутре утре ќе се одржи и 12.Турнир во борење со пеливани.
Првпат наместо во велешкото село Бузалково, турнирот со почеток во 13 часот ќе се одржи на помошното игралиште во Градскиот парк во Велес. Од Општина Велес велат дека тоа е така затоа што во селото Бузалково немало добар терен на кој можат да се натпреваруваат врвни пеливани.
Ќе учествуваат 30 пеливани од Македонија, а има најави и за учество на пеливани од странство.
За одржување на турнирот, Општина Велес обезбеди подршка од 80 илјади денари, а уште 80 илјади денари се обезбедени од Федерацијата за пеливанско борење на Република Македонија.
Исто така, денеска во 10 часот на плоштадот С’рмаале ќе почне и велосипедска трка.
Општина Велес ги организир трите спортски настани во рамките на Фестивалот на вино и пита 2018, кој завршува доцна вечер со настап на популарни македонски пејачи и групи.