Полицаец и работник на обезбедување биле напднати при расчитување на тепачка помеѓу две групи на млади лица што изминатата ноќ околу 2 часот и 30 минути се случила пред угостителски објект на улицата “Благоја Тоска“ во Тетово информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци полицијата добила информации за нарушување на јавниот ред и мир пред угостителски објект на улицата “Благоја Тоска“ во Тетово.
-Додека преземале службени мерки на местото од пријавата едно лице започнало вербална расправија со полицајците упатувајќи им навреди и закани. Откако од страна на полициските службеници бил предупреден тој удрил еден полициски службеник. Лицето веднаш било приведено во полициска станица каде бил утврден и неговиот идентитет односно било констатирано дека станува збор за 16- годишник од Тетово. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок рече Јосифовски.
Нешто подоцна околу 4 часот Б.Д.(49) од с.Жилче вработен во агенција за обезбедување пријавил во полиција дека бил физички нападнат од страна на лицето И.И.(23) од Тетово. Според неговата пријава додека тој извршувал работни задачи за обезбедување во угостителски објект на улицата „Благоја Тоска“ околу 02.30 часот забележал тепачка помеѓу две групи на млади лица. Тој при обид да интервенира односно да ги раздели да не дојде до поголемо нарушување на јавниот ред и мир два пати бил физички нападнат од И.И. Набрзо И.И. бил приведен и задржан во полициската станица Тетово. Полицијата работи на идентификување на сите учесници во нарушувањето на јавниот ред и мир и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци најави Јосифовски.