Речиси петпати е понизок водостојот на Црн Дрим од октомврискиот просек, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Под просекот за октомври е и нивото на реката Вардар кај Демир Капија, а малку под октомврискиот просек се и водостоите на Пчиња и Брегалница кај Штип.

Кај езерата нема поголеми отстапувања во однос на просекот за октомври. Најмногу отстапува Дојранското езеро кое е за три сантиметри повисоко од просекот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2018 13:49