Во организација на библиотекарското здружение на Македонија, денеска во просториите на јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево, по деветнесетти пат се одржа општинскиот натпревар „Млади библиотекари“. Според информациите на директорката Билјана Петровска, на натпреварот учествувале 16 ученици од двете општински основни училишта во Делчево.
– Прво место, односно најмногу освоени бодови на тестот имаше ученикот Дамјан Маневски, ученик во осмо одделение при ООУ „Ванчо Прќе“. Тој ќе земе учество на републичкиот натпревар „Млади библиотекари“, кој ќе се одржи во Демир Хисар, рече Петровска.
Додаде дека ЈЛБ „Илинден“, на учениците што освоија прво, второ и трето место им додели дипломи, а на сите други учесници и ментори им додели благодарници.
Натпреварот „Млади библиотекари“ во среда ќе се одржи во општина Македонска Каменица.