Македонскиот народен театар се приклучува на хуманитарната акција за помош на 15-годишната Сара Настеска од Охрид на која и е неопходна трансплантација на коскената срж . МНТ одлучи приходот од влезниците за претставата „Силјан Штркот шанца“ да го уплати на сметката за помош на семејството Настески од Охрид.

Претставата е по текст на Дејан Дуковски и режија на Срѓан Јаниќијевиќ и на редовниот репертоар на МНТ е на 31 октомври во 20 часот.

– Апелот за помош во јавноста го испрати семејството Настески, а нивниот 13-годишен син Виктор е единствен сроден донатор на коскена срцевина за Сара. Македонскиот народен театар сочувствува со загриженоста на семејството Настески и посакува успех на донаторската акција и на оперативниот зафат на младата Сара Настеска, наведува МНТ.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2018 18:22