Се реализираше првиот дел од првата обука за поставувачи на рекреативни планинарски патеки – маркацисти.

Како што информираше Љупчо Чучковски, кој како претседател на планинарски спортски клуб „Голак" учествуваше на обуката, таа со помош на демонстратори се реализираше согласно програмата на Министерството за образование и наука, а во рамки на активностите на Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

– Обуката опфаќаше теоретски и практичен дел при што теоретскиот дел беше објаснет во просториите на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија – „Даре Џамбаз" во Скопје, додека практичниот дел беше со вежби на планината Водно, односно се правеа одводи, препреки, чистење и санација на планинарска патека, информира Чучуковски. Допдаде дека на обуката учествувале над 20 учесници од клубови и друштва од повеќе градови на Македонија. Втората обука е закажана за месец декември по што учесниците ќе се стекнат со сертификати за маркацисти со што во иднина ќе можат да поставуваат различни патеки на македонските планини.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2018 19:35