Деновиве се очекува да заврши санацијата на мостот кај архолошкиот локалитет Стоби поради кој од почетокот на овој месец во прекин е железничкиот сообраќај кон Гевгелија.

Премиерот Зоран Заев при посетата на Стоби одговарајќи на новинарски прашања информира дека е интервенирано и оти во прашање се денови.

– Јас верувам дека денови се во прашање заради тоа што ова навистина е една од најважните железнички трансверзали за Европа, а секако најважно овде е Солунското пристаниште, поминува низ Македонија, кон Белград, Париз итн. Верувам дека овие денови ќе биде и привршено заради тоа што Владата донесе брза одлука и веднаш обезбедивме средства и колку што сум информиран реконструкцијата е отпочната, нагласи Заев.

Мостот беше оштетен од надојдената вода на Црна Река при што штета претрпе еден од столбовите, по што беше забранет железничкиот сообраќај од Велес до Гевгелија.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2018 19:14