Во ЈЗУ Геронтолошки Завод „13 Ноември’’-Скопје, денеска беше одржана едукативна работилница на тема „Орално здравје и Орална хигиена кај геријатриски пациенти“ и беа спроведени бесплатни стоматолошки прегледи на корисниците во одделот Мајка Тереза.
-На работилницата учесниците, заедно со персоналот на установата, имаа можност да се запознаат со најчестите заболувања и орални манифестации кои се сретнуваат кај оваа категорија на пациенти , како и со превенцијата, третманите и правилното оддржување на оралната хигиена и протетските надоместоци, соопштија од ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ – Скопје.
Посочуваат дека редовното и правилното оддржување на оралното здравје кај старосната популација на пациенти е особено важнa заради кои се застапени кај оваа категорија на пациенти и голем дел од нив се манифестираат во усната празнина.