Во Младинскиот културен центар вечерва свечено беше отворено 12. издание на театарскиот фестивал Скупи, на кое присуствува премиерот Зоран Заев и министерот за култура Асаф Адеми. Пред публиката во следните седум дена ќе се претстават седум театарски ансамбли од регионот и Европа.
Премиерот Заев пред присутните истакна дека му претставува чест што има можност да го отвори 12 издание на театарскиот фестивал Скупи.
-Чест ми е што вечерва можам да им се поклонам на театарските протагонисти, ентузијасти и организатори на фестивалот Скупи, кој по 12 пат ќе ја крене завесата и кои седум дена по ред ќе ни ги отвора театарските хоризонти по кој патуваат седум театарски ансамбли од регионот и Европа, рече Заев.
Тој нагласи дека пред публиката е уште едно фестивалско издание, кое преку прикажување на прогресивни, иновативни и храбри претстави ги отвора прашањата за актуелните општествени и социјални предизвици.
-Љуботва и страста, како суштината на театаерот прават тој да се движи да осветлува и просветлува, да прашува и да се прашува, да вознемирува, да го крева духот, да открива да провоцира и да крши конвенции. Театарот е разговор со општеството. театарот е права уметност и единствената алхемија која од сенки и тишина прави зборови, движења, светло и живот. Секоја театарска претстава е како феникс, се издига пред очите на публиката во еден миг, живее на сцената и се окончува со спуштањето на завесата, нагласи премиерот.
Додаде дека од вечерва публиката и актерите на седум земји од регионот и Европа заедно ќе го живеат театрот, ќе ни овмозжат да разбереме што ни се случува да ги слушнеме прашањата на светот и можеби ќе ни бидат понудени одговори, а можеби само ќе бидат поставени прашања и дилеми.
Министер за култура Асаф Адеми истакна дека овој нтернационалнјот фестивал е пример како со ентузијазам и љубов може да опстои и да се развива еден фестивал на театарот.
-Веќе 12 години оваа манифестација ненаметливо го збогатува културниуот простор во нашата земја со претстави кои прмовираат врни уметнички вредности и кои на јвноста и ги допловуваат акутлените уметнички вредности во сферата на тетараот. Интернационалниот фестивал со себе има багаж на иновативни и прогресивни претставаи кои на задоволство на публиката и стручната јавност секогаш отвораат нови песпективи и размислувања во контенст на општествените и социјалните предизвици со кои се соочуваме денеска, рече Адеми.
Министерот Адеми увери дека како Министерство ќе продолжат и во иднина ќе го одржуваат опстјувањето на овој фестивал кој поттикнува и регинална соработка.
Вечерва беше одиграна претставата „Татко ми го сакаше Адолф“ од Театарот Ѓилане од Косово на авторот Мехмет Краја во режија на Илир Бокши.