На надвозникот над автопатот Гевгелија – Скопје во правец кон гевгелиското село Прдејци, синоќа во 21,20 часот во товарно моторно возило „ивеко“ се пронајдени 46 мигранти од Пакистан, Иран, Сирија, Ирак и Авганистан.

– Полициски службеници забележале товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки кое по дадена сигнализација се упатило кон стариот пат село Прдејци – село Смоквица, по што нагло сопрело и возачот се дал во бегство. По ивршениот преглед констатирано е дека во возилото на кое биле ставени регистарски онаки од друго возило, се наоѓале 46 мигранти и од Пакистан, Иран, Сирија, Ирак и Авганистан, соопшти денеска МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2018 17:14