Oпштина Куманово во партнерство со Програмата за развој на обединетите нации УНДП, објави јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во западен Балкан (ReLOaD). Програмата е финансирана од Европската унија и ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји од Западен Балкан.
– Општина Куманово и проектот ReLOaD ги повикуваат граѓанските организации во земјава да поднесуваат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Куманово и со кои се опфатени приоритетни области: заштита на животната средина, заштита на човековите права, социјална кохезија и намалување на сиромаштијата, туризам и култура и младински иницијативи. Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000 до 1.845.000, денари, се наведува во објавата на општина Куманово.
На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000, денари за целото времетраење на проектот ReLOaD (до јануари 2020). Заинтересираните можат да се информираат и да преземат електронската верзија од пакетот апликација од официјалната општинска веб-страница (www.kumanovo.gov.mk), како и на веб-страницата на УНДП (www.mk.undp.org).
– Општина Куманово и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од шест до осум месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од јануари 2019 заклучно со август 2019, се наведува во соопштението на општината.
Информативната сесија за повикот со заинтересираните подносители граѓански организации ќе се одржи во општина Куманово на ден 29.октомври годинава со почеток во 10:00 часот во општинските простории. Поднесувањето на апликациите е до петти декември, годинава.
Во проектот ReLOaD покрај Куманово вклучени се и Струмица, Ресен, Кавадарци и Гостивар.
Проектот ќе трае до јануари 2020 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество за негово активно учество во процесот на денесување одлуки.