Познатиот чешки шампион во спортско качување, Адам Ондра, беше во посета на македонското древно светилиште, Бигорскиот манастир и манастирот „Свети Ѓеорѓиј Победоносец“ во село Рајчица.

Адам (25), кој е роден во Брно, неколку години е дел од чешката спортско-качувачка репрезентација и омилен спортски лик не само во својата земја, туку и низ целиот свет. Според експертите во оваа област, Адам е најдобриот и досега најнаградуван спортски качувач, но и единствениот кој успеа истовремено да ги освои Светските купови и шампионати во различни climbing категории.

Адам Ондра моментно ја реализира својата повеќемесечна Balkan climbing турнеја, која опфаќа посета и споделување искуства низ неколку спортско-качувачки локалитети во повеќе земји, како Романија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Грција и секако Македонија.

-Во консултација со неговиот домаќин, претседателот на Спорстко-качувачката федерација на Македонија, Владимир Трповски, Адам во нашата земја ги избра за качување најсложените насоки во прекрасниот и инспиративен мавровски крај. Својот единствен ден за одмор Ондра го искористи за да ги посети Бигорскиот и Рајичкиот манастир, од чија мисија и активност беше особено воодушевен, па трогнат од топлото гостопримство на кое наиде, заедно со својата екипа, го поминаа буквално целиот ден во дружба со монасите, велат од Бгорскиот манастир.

Адам, кој во светот важи за многу популарен и крајно посветен на големите предизвици што ги нуди оваа атрактивна спортска дисциплина, посочуваат од манастирот, во суштина е едноставен, скромен и позитивен човек и пропуштил со монасите да ги сподели и своите интересни искуства и впечатоци, како и идни професионални предизвици.

Она што е особено интересно е тоа дека од оваа негова rock-climbing турнеја ќе произлезат и документарни записи во неколку продолженија, а голем дел од кадрите се снимани токму во Бигорскиот и Раичкиот манастир.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2018 18:51