Ветрот и вечерва се уште носи црн чад и неподнослива мизирба кон градот од пожарот што попладнево околу 15:30 часот избувна во непосредна близина на Градската комунална депонија за смет. Опожарени се сува трева и грмушки.

Од Територијалната противпожарна единица информираат дека нивни екипи се на терен со две теренски џип возила и седум пожарникари.

Се прават напори пожарот што поскоро да се изгасне и да се спречи опожарување на околните лозја.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2018 19:18