Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.М.(34) од Кочани, за сторени кривични дела „измама при добивање кредит или други погодност“ и „оштетување и неовластено навлегување во комјутерскиот систем“. Во текот на февруари и март 2018 година, пријавениот во име на З.В.(47) од Кочани, без негово знаење и согласност, во четри наврати електронски аплицирал во финансиски друштва за добивање на кеш кредити. Исто така, пријавениот со лажно креирана Е-маил адреса и мобилен телефонски број на оштетениот, во четири наврати неовластено навлегол во системот за автоматизирани електронски финансиски операции на Банка и без знаење и дозвола на З.В., од неговата платежна картичка подигнал парични средства во износ од 70.800 денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.Ц.(28) од Прилеп, за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или други погодности“. На 31.08.2018 година во Прилеп, во филијала на Банка, пријавениот поднел барање за одобрување на потрошувачки кредит, при што предметните образци ги пополнил со невистинити податоци дека е вработен во фирма со работен стаж од две години, за што приложил и невистинита потврда за вработување и лични примања и други документи, сите со потпис и печат од сметководствена служба и директор на правното лице. Врз основа на наведената документација, на 03.09.2018 година банката му одобрила и исплатила кредит во износ од 300.000 денари, а при извршени проверки во наведеното правно лице, банката добила извесување дека пријавениот никогаш не бил вработен во наведената фирма.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Полициска станица Прилеп поднесе кривична пријава против Л.П.(23) од Прилеп, за сторени кривични дела „измама при добивање кредит или други погодности“ „фалсификување исправа“. На 27.08.2018 година пријавениот со цел да подигне потрошувачки кредит, набавил и во Банка приложил фалсификувана документација и потврда со невистинити податоци дека е вработен во фирма од Прилеп, по што било констатирано дека депонираниот потпис на управителот на фирмата не се совпаѓа со приложениот во лажната документација. Откако пријавениот бил известен дека кредитот не му се одобрува, на истиот начин се обидел да подигне кредит во друга Банка приложувајќи невистинити податоци дека е вработен во фирма од Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2018 23:09