На 24.10.2018 во 22,35 часот возач во ЈСП пријавил дека на улица „Христо Татарчев“ кај последна автобуска постојка број 24 имало починато лице кое лежело во тоалетот.

Од страна на полициски службеници утврдено е дека се работи за Н.К.(52), а смртта била констатирана од екипа на Итна медицинска помош.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2018 23:11