Седум лица се полесно повредени во две од вкупно пет сообраќајки кои се случиле вчера во Скопје. Во три била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Деветнаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач бил санкциониран за неправилно престројување и еден возач за неправилно престигнување.
Санкционирани биле и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.
Од сообраќај, биле исклучени вкупно 29 возачи, од кои 11 кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 11 возачи пред да се стекнат со право на управување и седум возачи почетници, како и пет технички неисправни возила и 11 нерегистрирани возила.
Затекнати биле 92 возила непрописно паркирани.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 72 возила.