Во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска во Гевгелија се одржа тркалезна маса посветена на тековните трендови на миграцијата и барателите на азил во Република Македонија, како дел од проектот за поголема заштита на правата на бегалците, подржан од ЕУ.
Претставници од општина Гевгелија, Пограничната полиција, Центарот за управување со кризи и граѓанскиот сектор дебатираа за тековните трендови на бегалската криза и разменија искуства и идеи заради наоѓање решенија за наредните активности, како и соочување со идните текови на бегалската криза.
– Со оглед на фактот дека немаме податоци дали бројот на бегалци ќе се зголеми, сметаме дека време е да најдеме конкретно решение што ќе правиме понатаму и како соодветно можат да реагираат заедно граѓанскиот сектор и институциите кои крајно време е да се соочат со проблемите околу бегалската криза со која се справуваме од 2015 година, истакна Сибел Амит од Хелсиншкиот комитет за човекови права.