Во неделата пред „Ел Класико“, Реал Мадрид ја прекина серијата од пет натпревари без успех со победата над Викторија Плзен (2:1) во Лигата на Шампионите. Пред тоа, Хулен Лопетеги и неговите играчи го внесоа „кралскиот“ клуб во една од најголемите кризи во историјата – 7 часа и 45 минути без постигнат гол.

Пред еден од најважните натпревари во сезоната против Барселона на „Камп Ноу“, изгледа Реал е многу пообединет, отколку што изгледа. Според мадридскиот весник „Марка“ соблекувалната на тимот стои цврсто зад тренерот, верувајќи дека токму тој ќе го изведе тимот од кризата. Во последните недели не стивнаа гласините за отпуштањето на Лопетеги, а шпанските медиуми веќе бараат и негови заменици, меѓу кои се Антонио Конте, Јоаким Лев, Масимилиано Алегри, Леонардо Жардим, Маурисио Почетино и Гути.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2018 15:04