Средното општинско училиште (СОУ ) „Димитар Мирасчиев“ – Штип денеска одбележа 66 години од своето функционирање. Учениците од единственото текстилно училиште во источниот регион на патрониот празник ги претставија и своите модни креации на тема есен.

Директорот на СОУ „Димитар Мирасчиев“, Дејан Доневски вели дека почнува да се враќа стариот сјај на училиштето, кое едуцира кадар за штипското стопанство.

-Првпат, откога сум во оваа институција на овој начин го одбележуваме патрониот празник. Оваа година сработивме многу проекти, го верифициравме школото за образование на возрасни лица, првпат по десет години запишавме ученици во три паралелки, вели Доневски.

Тој се надева дека и во текот на оваа учебна година ќе имаат реализација на низа проекти, а исто така ќе продолжи и соработката со текстилните конфекции, каде што учениците посетуваат практична настава.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2018 17:50