Продолжува претставувањето на Филмот „Коливо” на меѓународна сцена. Филмот што делчевскиот режисер Андреј Волкашин го сними во селото Град во Делчево, влезе во натпреварувачка конкуренција на 16-тото издание на „Тирана Филм Фест“, што од 2 до 9 ноември ќе се одржи во Албанија.

Волкашин информираше дека „Коливо“ во моментот е дел од фестивалската програма на „Филмски Фронт фестивал“ во Нови Сад, Република Србија.

– Октомври за „Коливо“ е месец кога филмот си го најде своето место меѓу публиката на неколку светски фестивали. Од 11 до 14 октомври „Коливо” беше дел од „Интернешнал Шорт Филм Фестивал“ (International Short Film Festival) во Линц, Австрија, додека претходно учествуваше и на германскиот „Провинцијале Филм Фест“ (Provinziale-Film Fest) во Еберсвалде. Eкипата што за кратко време постигна огромен успех со „Коливо“ октомври го заокружува со учество на новосадскиот 16. Меѓународен фестивал на краткометражен филм насловен „Фронт фестивал”, посочи Волкашин.

Додаде дека „Коливо“ со претставувањето на меѓународна сцена продолжува во ноември, кога филмот ќе биде дел од натпреварувачката конкуренција на 16-тиот „Тирана Филм Фест“.

„Коливо“ е првиот краткометражниот филм снимен на локален дијалект чија актерската екипа ја предводат познати актери, меѓу кои Лабина Митевска, Дејан Лилиќ и Јоана Попоска.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2018 18:56