Како дел од одбележувањето на Месецот на книгата, на 31 октомври во Пехчево ќе се реализира активноста „Размена на книги и списанија“. Организатор е професорот по француски јазик, Магдалена Поповска која вели дека настанот има за цел враќање на времето кога во Пехчево книгите биле замена за денешната модерна технологија која зема се поголем замав.

-Под мотото „Разменуваме книги и книжевни муабети и се дружиме“, решив спонатно да бидам иницијатор на активноста која во месецот на книгата ќе ги активира сите вљубеници во пишаниот збор, со цел да одвојат време и да разменат дел од својот фонд на книги по принципот донеси една, земи една книга. Нема ограничување за борјот на книги и јазици на кои се напишани, едноставно целта е луѓето да ги извадиме надвор од дома и да уживаат во двочасовнот одружење кое е предвидено со настанот, вели Поповска.

Настанот се реализира во соработка со локални фирми и граѓани, а поканата е отворена до сите граѓани кои сакаат да дадат свој придонес во одбележувањето на Месецот на книгата.

Учество најавија и од Матичната библиотека „Кочо Рацин“ од Пехчево.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2018 19:47